Најсекси портпаролката во нашиот фудбал ја напушти Македонија! (ФОТО)

Поранешната директорка за комуникации на Тиквеш, Пелин Коч, вчера си замина од Македонија изразувајќи љубов кон нашата земја и народ и покрај непријатното искуство кое го имаше тука.

Пелин Коч која во Турција работеше како спортска новинарка, во Македонија дојде како дел од тимот на германскиот инвеститор со турско потекло, Осман Таш, кој на почетокот од сезоната го презема Тиквеш.

Но, Коч како и сите останати во Тиквеш беа жртви на измамата на Осман Таш, кој наместо да почне со изградба на клуб со европски амбиции, ги турна кавадарчани во криза. Таа заедно со директорот Емир Шабани заминаа од Тиквеш кога клубот беше вратен на градот, но Пелин извесен период остана во Македонија, а вчера и конечно се врати во Турција.

Изминатото лето во интервју за „Спорт1“, таа со голем ентузијазам зборуваше за амбициите на Тиквеш, но неколку месеци подоцна разочарана си замина од нашата земја. 

И покрај негативното искуство, Коч искажа многу љубов кон Македонија и луѓето кои ги запознала тука.

„Се е време да се збогуваме...
Никогаш не сакав да си одам вака, но вие знаете исто толку добро колку и јас што се случи.
И покрај многуте тешки искуства, стекнав прекрасни пријателства тука. Никогаш нема да ја заборавам љубезноста што ми ја покажавте.
Македонија секогаш ќе остане мој втор дом...
Којзнае, можеби еден ден нашите патишта повторно ќе се вкрстат.
Сеќавајте се на мене со љубов - ве сакам сите премногу и длабоко ќе ми недостасувате.
Збогум“, напиша Пелин Коч на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Pelin Koç (@pelinkoctv)