Шкупи сака бодови против Пелистер, за битолчани ова е меч кој мора да се добие!
Овој натпревар требаше да се игра во саботата, но лошиот терен во Струга расипад од обилните врнежи, не дозволија да биде одигран во предвидениот термин.
Мечот беше презакажан за денеска. Шкупи е домаќин во Струга поради суспензијата на теренот на Чаир.
Фудбалерот на Шкупи, Ригон Спахиу, вели дека се добро подготвени за денешниот меч и ќе го дадат најдоброто за да освојат бодови.
„Добро сме подготвени за натпреварот против Пелистер. Во текот на неделата го анализиравме противникот и работевме на деталите што ни се потребни за да го дадеме најдоброто од себе. Знаеме колку е важен овој натпревар и на теренот ќе влеземе фокусирани, со цел да го постигнеме резултатот што го сакаме. Верувам во тимот и во работата што ја работиме“, изјави Ригон Спахиу.
Голманот на Пелистер, Андреј Јовчевски, ја истакнува добрата атмосфера во тимот и смета дека денешниот меч е дуел кој мора да се добие.
„Апсолутно, ова е натпревар што мора да се добие. Шкупи реално веќе нема што да изгуби, но нивното бодовно салдо не смее да не залажува. После триумфот над АП Брера, во нашите редови се врати оптимизмот и мотивацијата, ги подигнавме тренинзите на повисоко ниво, атмосферата е променета, па со таков победнички менталитет ќе му се спротивставиме на Шкупи. Имаме распоред што ни дава шанси, мораме да одиме чекор по чекор, но сѐ посигурно и посигурно“, рече Јовчевски.