Мојс за црвениот картон на Геј: Ми се допаѓа кога моите фудбалери се расправаат!

На синоќешниот меч меѓу Манчестер јунајтед и Евертон беше покажан необичен црвен картон, Идриса Гана Геј беше исклучен откако му залепи шлаканица на својот соиграч Мајкл Кин, ситуацијата ја искоментира и тренерот Дејвид Мојс.

За среќа на Евертон, црвениот картон немаше никакво влијание на резултатот иако се случи во 13. минута од мечот. Напротив, тие го добија дуелот со играч помалку.

Таквото сценарио му овозможи на Дејвид Мојс позитивно да искоментира за инцидентот.

„Бев изненаден, мислам дека судијата можеше да одвои повеќе време да размисли. Ми велат дека правилата на играта значат дека си во неволја ако замавнеш дури и кон соиграч. Но постои и друга страна, ми се допаѓа кога моите играчи се расправаат едни со други или се нервираат ако направиле лошо додавање. Ако сакате победнички тим, ќе мора да играте така. Кој и да бил фудбалер, ќе ви каже дека доста често се лутите на вашите соиграчи“, рече Мојс.