Дончиќ не е од оваа планета – на НБА шампион му ја протна топката меѓу нозе (ВИДЕО)
Словенечкиот ас го заврши мечот со 33 поени, 11 скокови и 8 асистенции, а една негова акција стана вистински хит. Дончиќ го прочита обидот на Кевин Лав да го проигра Лаури Марканен, ја пресече топката и поведе брза контра. При обидот Лав да го запре, Дончиќ мајсторски му ја протна топката помеѓу нозете, а потоа, со цепелин-додавање, му овозможи на Џексон Хејс ефектно да ја забие топката преку Брајс Сенсабо.
Додека Дончиќ со Лејкерс ја брка својата прва НБА титула, Лав – на кого му ја протна топката – веќе има шампионски прстен. Искусниот 37-годишен центар беше дел од шампионскиот тим на Кливленд во 2016 година заедно со Леброн Џејмс, петпати е НБА Ол-стар и во 2011 година ја освои наградата за најголем напредок во лигата.