Лудница во Бразил: Пред девет години им падна авионот, а ноќеска – воскреснаа (ВИДЕО)
Тимот обезбеди промоција со минимална победа од 1-0 во последното коло пред полни трибини, со што го фати последниот воз за третата позиција што води во елитата. Веднаш по последниот свиреж, теренот беше преплавен од навивачи кои со солзи и еуфорија го славеа подвигот на тимот, симболично обележувајќи го неговото воскреснување по долг период на падови и неизвесност.
Клубот беше пред колапс по несреќата на 29 ноември 2016 година, кога 42 членови на експедицијата загинаа на пат кон финалето на Копа Судамерикана. Од тимот преживеа само мал број фудбалери, а Чапекоенсе потоа испадна во Серија Б и минатата сезона дури беше на чекор од уште едно разочарување со можност за преселба во третата лига.