Јокиќ можеби е најдобар во светот, ама друг Србин доминира во НБА – има 11 од 12 (ВИДЕО)

Кошаркарите на Торонто Репторс го продолжија импресивниот победнички ритам, совладувајќи го тимот на Бруклин Нетс (119-109) со што стигнаа до 11. триумф во последните 12 натпревари, како и до седмата победа по ред.

Тимот на српскиот тренер Дарко Рајаковиќ ја презеде контролата во завршницата, кога Имануел Квикли со две тројки иницираше клучна серија од 10-0 по изедначувањето на 104-104, со што мечот беше решен. Скоти Барнс беше најефикасен кај Торонто со 17 поени, а Џејкоб Волтер постигна 16, што претставува негов сезонски рекорд. Брендон Инграм уфрли 14 поени и со една тројка во втората четвртина стигна до личен јубилеј – 10.000 поени во НБА кариерата. Квикли додаде 13 поени, од кои осум во последната четвртина.

Торонто остана без Ер Џеј Барет, кој по 16 постигнати поени мораше да го напушти теренот среде третата четвртина поради повреда на десниот зглоб, при незгодно приземјување по забивање. Кај Бруклин се истакна Тајрис Мартин со 26 поени – негов личен рекорд. Мајкл Портер Џуниор постигна 25, а Ноа Клуни 22 поени, додека Ник Клакстон додаде 10 поени и 11 скокови, само неколку дена по неговиот прв трипл-дабл во кариерата.

РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Шарлот 113-110, Бостон – Орландо 138-129, Кливленд – ЛА Клиперс 120-105, Торонто – Бруклин 119-109, Оклахома – Портланд 122-95, Феникс – Сан Антонио 111-102, Јута – ЛА Лејкерс 106-108.

ФОТО: X / @EDemirNBA