Трет пехар по ред: Италија без Синер и Музети го освои Дејвис Купот

Италијанските тенисери го освоија Дејвис Купот трет пат по ред, откако ја надиграа Шпанија во финалето со 2-0, иако немаа помош од одличните Јаник Синер и Лоренцо Музети.

Матео Беретини беше подобар од Пабло Карено-Буста со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4, додека Флавио Коболи го надигра Мунар со 2-1 во сетови, односно 1-6, 7-6 и 7-5.

Италијанците станаа првата селекција во новиот формат на Дејвис Купот која три пати по ред го освоила натпреварувањето.

Фото: EPA