Пелистер размонтиран во Унгарија - најтежок пораз сезонава во ЛШ!
Пелистер даваше отпор на стартот на мечот (3-3), по што Пик Сегед со серија од 4-0 стигна до прендост од 7-3. Македонскиот шампион се трудеше да ја намали разликата, но не му одеше најдобро и постигна само девет голови во првиот дел, односно на паузата замина со негатива од 9-14.
Битолчани имаа проблеми во нападот и во второто полувреме, додека Пик Сегед доминираше пред голот на Никола Митревски и успешно ја зголемуваше разликата сè до конечни 35-20.
Најдобри стрелци кај унгарската екипа беа Кукиќ и Фримел со по седум голови, додека Манасков, Атанасијевиќ и Хаџиќ запишаа по три погодоци за Пелистер.
Екипата од Битола по осум одиграни кола се наоѓа на седмата позиција со четири бодови, додека Пик Сегед е на четвртата позиција со осум бода.
На останатите натпревари кои се играа во истиот термин, Динамо Букурешт славеше против Нант со 29-28, додека Висла Плоцк го надигра ГОГ со 30-28.