Фудбалска легенда бара отказ за селекторот на Данска!
Гравесен смета дека поразот на Данска од 2-4 против Шкотска е вистинска катастрофа и поради тоа фудбалскиот сојуз на државата треба да го отпушти стратегот пред следните предизвици.
„Тој е катастрофа, многу лош тренер. Потенцијалот на одредени фудбалери мора да биде целосно искористен. За мене, Брајан е катастрофа, не е доволно добар за селектор“, кажа Гравесен за тренерот на Данска.
Данска следниот меч во трката за пласман на Мундијалот го игра против Македонија на 26 март од 20.45 часот.
Фото: EPA