Барселона по 909 дена се враќа на „Камп ноу“: Најевтините билети чинат 199 евра!
Ла Лига даде дозвола да се игра мечот меѓу Барселона и Атлетик Билбао на култниот стадион, а веќе во продажба се пуштени билетите и најевтиниот чини 199 денари, додека цената се движи и до 589 евра.
Барселона претходно доби и „зелено светло“ од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за да ги одигра последните два меча од Лигата на шампиони (ЛШ) на стадионот.