Фудбалер остана без настап за репрезентацијата зашто пасошот му завршил на - перење!

Фудбалерот од Парагвај, Андрес Кубас на бизарен начин остана без настап во двата пријателски натпревари против САД и Мексико затоа што го заборавил неговиот пасош во пантолони кои завршиле во машина за перење алишта.

Кубас ги пропушти дуелите против САД (1-2) и Мексико (2-1), а неговиот татко откри зошто фудбалерот на Ванкувер вајткапс не бил во конкуренција.

„Го заборави пасошот во пантолони. А ниту госпоѓата која работи таму не забележала и ги ставила да се перат. Навистина Андрес е лут поради овој инцидент. Тој доби нов пасош, ама не успеа да стигне навреме за настап“, кажа неговиот татко.

Фото: EPA