Македонија можеби ќе го игра најбесмислениот меч во 2026!

Македонската фудбалска јавност денеска дозна дека во полуфиналето на баражот за Мундијалот, нашиот А-тим ќе се соочи против Данска, а доколку случајно нашите репрезентативци испаднат, тогаш ќе играат уште еден натпревар кој нема никаква натпреварувачка смисла.

Полуфиналето е закажано за 26 март, додека финалето се игра пет дена подоцна, но тогаш ќе се одигра и уште еден меч, односно меѓу двете поразени селекции во полуфиналето на баражот за Светското првенство (СП), кој нема да донесе ништо за учесниците.

Натпреварот нема да има никаква натпреварувачка важност, но поради тоа што ФИФА треба да го испочитува договорот за ТВ-правата и мора секој репрезентативен циклус да испорача одреден број на натпревари, ќе има меч за т.н. трето место. Истото важеше и во минатиот бараж меч, кога ја поразивме Италија, па аѕурите заминаа на утешителен меч кај Турција.  

Македонија го игра полуфиналето на гостински терен против Данска, а доколку победи, ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Чешка и Ирска, повторно на гости. И да загубат, фудбалерите нагости ќе мора да го играат и најбесмислениот меч во 2026 година.