Хрват изведе магија и постигна гол каков што ретко се гледа (ВИДЕО)

Ракометарите на Нексе запишаа труимф во Европската лига против Кадетен Шафхаузен од 32-31 и така се реваншираа на Швајцарците за поразот во претходниот натпревар од 29-30, но посебно внимание од овој натпревар привлече еден погодок победничкиот тим.

Имено, во почетните минути од натпреварот 24-годишнот Лусијан Крајчар кој е висок 193 сантиметри усепа да ја погоди мрежата во пад со шут од зад грб и тоа додека не гледаше кон голот.

Неговиот гол привлече внимание и на луѓето во ЕХФ кои го објавија погодокот со опис:

„Чекај...што сега изведе Крајчар?“