Aлонсо во проблем, дефанзивецот на Реал повторно се повреди
Милитао натпреварот кој се играше во Франција го заврши по еден час игра, а дуелот заврши без победник 1-1.
Од Реал Мадрид ja потврдија повредата и најавија дека Милитао ќе паузира околу две недели во кои ќе пропушти четири натпревари на „кралевите“.
За Реал посебно е загрижувачки што ова е уште една повреда во низата за дефанзивецот кој откако пристигна во 2019 година почесто е повреден отколку што е на теренот.
🚨 Eder Militão is expected to miss:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) November 19, 2025
❌️ Elche
❌️ Olympiacos
❌️ Girona
❌️ Athletic pic.twitter.com/9rdmwuW7IR