Бизарно: Барса му забранила на Левандовски да постигнува голови!

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски е еден од најдобрите голгетери на сите времиња, но на крајот од сезоната 2022/2023 Барселона му наредила да не постигнува голови.

Ваквата информација ја откри авторот на биографијата на полскиот голгетер Себастијан Стазевски, а причина бил бонусот кој каталонскиот гигант ќе требало да го исплати на Баерн Минхен.

Имено, на почетокот од споменатата сезона, Барселона плати 45 милиони евра за Левандовски, а во неговиот договор постоела клауза дека клубот ќе плати дополнителни 2.5 милиони евра на Баерн, ако голгетерот постигне 25 или повеќе голови.

Тогаш кога Левандовски стигнал до 23 гола, Барселона му наредила веќе да не погодува бидејќи финансиката криза која и понатаму е во клубот, тогаш беше и посилна.

Сезонава Левандовски кој денес има 37 години на девет натпревари постигна седум гола.