Дојранско Езеро едвај собра фудбалери за меч, па доживеа потоп од Рудар (ФОТО)

Фудбалскито клуб Дојранско Езеро доживеа потоп против Рудар (0-7) во мечот од 10. коло во Третата македонска фудбалска лига - Исток.

Дојранско Езеро го почна натпреварот со помалку фудбалери, а тоа ѝ создаде големи проблеми на екипата која до полувреме прими три голови, а во продолжение уште четири погодоци (0-7).

Екипата од Нов Дојран се наоѓа на последното место во лигата со четири бодови, додека Рудар е седмопласиран со 11 бода.

Фото: ФК Дојранско Езеро