Италија е најтешка, но со Турција и Украина сме поминувале најлошо!
Поразот од Велс можеби донесе дилеми за вистинскиот квалитет на нашиот национален тим, можеби го разниша и селекторското столче на Благоја Милевски, но не можеше да ни ги одземе калкулациите за пласман на Светското првенство, тие останаа исти како и претходно, само што сега сликата е појасна.
Во баражот одиме како победници на една од групите во Лигата на нации, на ждрепката ќе бидеме влечени од последниот, четврти шешир, а можни противници ни се Италија, Турција, Украина и Данска.
Италијанците се најзвучната, а можеби и најтешката селекција која би можеле да ја добиеме, но и Турците имаат златна генерација со млада крв во Арда Ѓулер и Беркај Јилмаз. Тоа се двете селекции кои сигурно не би ги посакале за противник во утрешната ждрепка.
Негативен меѓусебен биланс немаме единствено со Данска со која имаме одиграно најмалку дуели. Со Данците имаме една победа, едно реми и еден пораз.
Најмногу сме играле против Турција, со нив имаме осум меѓусебни средби од кои дури петпати сме губеле, имаме една победа, два дуели завршиле нерешено.
Пет порази имаме и од Украина, нив еднаш сме ги победиле, а имаме и едно реми.
Италија ни е во најпријатно сеќавање, една од најслатките победи во нашата историја е токму против нив, во Палермо, но и со Италијанците имаме негативен скор. Два порази, две нерешени и една победа.
Ждрепката е утре (20. ноември) со почеток од 13 часот.