Веќе нема дилеми, познато е која ќе биде новата тренерска работа на Зидан

Зинедин Зидан пред извесно време најави дека наскоро ќе се врати на тренерската работа, тоа се очекува да се случи на лето.

Според француските медиуми, тој е фаворит за наследник на Дидие Дешан на селекторската функција на Франција.

Без разлика на резултатот на Мундијалот, Дешан ќе го напушти кормилото по завршувањето на настапот, по што Франција ќе треба да назначи нов селектор.

Французите тврдат дека јасен фаворит за нов селектор е Зидан и токму тој ќе биде наследникот на Дешан.

Работата е договорена, но веројатно нема да биде соопштена до крајот на Светското првенство.