„Болно и тажно беше да ги гледам фудбалерите во соблекувалната“
На Босанците им беше потребна победа над Австрија во Виена. Водеа од 12. минута со гол на Харис Табаковиќ и предноста ја чуваа до 77. минута кога примија гол, мечот заврши 1-1, по што Австријците се пласираа на Мундијалот.
Големото разочарување по мечот го пренесе селекторот на БиХ, Сергеј Барбарез.
„Болно и тажно е да ги гледате играчите во соблекувална, но животот оди понатаму и сигурно дека ќе собереме сила и ќе го нападнеме баражот во март“, рече Барбарез.
Босна и Херцеговина е во третиот шешир на ждрепката во баражот, па полуфиналето ќе го игра на гостински терен, на Барбарез не му менува кој ќе биде противникот.
„Сеедно против кој ќе играме. Секако играме на гости. Едвај ги чекам тие натпревари бидејќи не заслуживме да ни се случи она што ни се случи вечерва, но за жал се случи. Мојата работа е да ги кренам овие момци, да создадам атмосфера каква што беше пред овој натпревар“.