На лето ќе се организира уште едно СП, покана може да добие и Македонија!?

Според неколку извори, Русија сака да организира паралелно Светско првенство идното лето, а учество да земат селекции кои не избориле пласман на вистинскиот Мундијал кој ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Наводно, Русија планира да организира Светско првенство кое ќе биде слично на она вистинското. Нивната цел е да ја притиснат ФИФА да ги крене санкциите против нив и да можат повторно да се натпреваруваат регуларно.

Учесници на руското Светско првенство би биле: Русија, Србија, Грција, Чиле, Перу, Венецуела, Нигерија, Камерун, Кина...

А ако не успееме преку баражот да се најдеме на Мундијалот, покана би можела да добие и Македонија.

Сепак, тешко е да се поверува дека навистина би се организирало едно вакво првенство. Притисокот на ФИФА и УЕФА кон селекциите учеснички би бил голем.