Леброн Џејмс го сруши рекордот на Винс Картер и се изедначи со – Диме Тасовски!

Во ноќешниот триумф на ЛА Лејкерс против Јута, првпат на теренот сезонава се појави Леброн Џејмс, кој со самото појавување го надмина Винс Картер, со кого досега го делеше рекордот со 22 сезони во НБА.

„Кралот“ сега е осамен на престолот како играч со најдолг стаж во историјата на најсилната лига на светот, а се изедначи со нашиот Диме Тасовски, кој замина во пензија со 23 сезони како професионален кошарка. Оваа споредба, секако, е повеќе на шега и тоа само како потсетување на долговечноста на поранешниот репрезентативец, кој, пак, е единствен со Винс Картер со настапи во дури четири различни децении.

Од активните кошаркари, најблиску до Леброн е Крис Пол со 21 сезона, но според формата што ја покажа, јасно е дека Џејмс има сила да го продолжи рекордот и понатаму. Џејмс се најде во стартната петорка на Лејкерси и за речиси 30 минути постигна 11 поени, 12 асистенции и три скока.