И Србите го слават пласманот на Курасао на СП поради – секси девојката на голманот!
Курасао ремизираше со Јамајка (0:0) и со тој бод ја запечати најголемата сензација во квалификациите, што делумно донесе еуфорија и во Србија поради популарната секс-бомба. Малата островска држава со нешто над 150.000 жители стана најмалата земја што некогаш се пласирала на Мундијал, па Зорана, која е долги години во врска со Рум, веднаш по мечот ја сподели својата гордост:
„Мојот свршеник оди на Светско првенство!“, напиша таа, додавајќи голем број стории од славјето на репрезентацијата.
Инфлуенсерката објави и подолга емотивна порака, нагласувајќи дека Рум го остварил својот детски сон во период кога многумина веќе не верувале во тоа.
„Да кажам дека сум горда – малку е. Испиша историја со 36 години, без клуб и без вистински тренинзи со месеци. Никогаш не се откажа. Понекогаш барам премногу – секогаш чиста мрежа. Но горда сум само што те гледам како се бориш за својот сон. И успеа, и тоа со празна мрежа. Остров за кое многумина и не знаеја дека постои – 160.000 луѓе“, напиша Зорана.
Рум моментално е без клуб, откако минатата сезона беше дел од белгискиот Серкл Бриж, а претходно бранеше за Витесе, Го Ехед Иглс, ПСВ Ајндховен и Колумбус Кру. Бил дел и од младата репрезентација на Холандија (U20), но подоцна одлучил да го носи дресот на Курасао, за кој има речиси 70 настапи. Двојката е долго време заедно, а јавноста често се интересира за нивниот приватен живот. Зорана претходно откри дека размислувала да ги намали градите, но Рум се противел.
„Имам широк граден кош и големи гради, во 90-отсто од случаите ги кријам. Елој ги обожава и не сакаше ни да слушне за нивно намалување. Кога наполнав килограми во Америка во 2023, решив да ги тргнам, а тој беше во депресија – така што ништо од тоа“, изјави таа.