Спектакуларен гол на фудбалер на Шкендија - тројца голмани не го бранеа ударот (ВИДЕО)

Екипата на Шкендија во првото полувреме од натпреварот со Тивкеш во Купот на Македонија стигна до водство благодарение на спектакуларниот гол на Алхасан.

Фудбалерот на тетовскиот клуб во завршницата од првиот дел испрати силен удар од огромна далечина, а топката од пречката заврши зад грбот на голманот кој немаше шанси да интервенира.