И Србите го слават пласманот на Курасао на СП поради – секси девојката на голманот!

Српската инфлуенсерка и јутјуберка Зорана Јовановиќ, на социјалните мрежи го прослави историскиот успех на својот свршеник, голманот Елој Рум, кој со Курасао за првпат во историјата избори пласман на Светското првенство во фудбал.

Курасао ремизираше со Јамајка (0:0) и со тој бод ја запечати најголемата сензација во квалификациите, што делумно донесе еуфорија и во Србија поради популарната секс-бомба. Малата островска држава со нешто над 150.000 жители стана најмалата земја што некогаш се пласирала на Мундијал, па Зорана, која е долги години во врска со Рум, веднаш по мечот ја сподели својата гордост:

„Мојот свршеник оди на Светско првенство!“, напиша таа, додавајќи голем број стории од славјето на репрезентацијата.

Инфлуенсерката објави и подолга емотивна порака, нагласувајќи дека Рум го остварил својот детски сон во период кога многумина веќе не верувале во тоа.

„Да кажам дека сум горда – малку е. Испиша историја со 36 години, без клуб и без вистински тренинзи со месеци. Никогаш не се откажа. Понекогаш барам премногу – секогаш чиста мрежа. Но горда сум само што те гледам како се бориш за својот сон. И успеа, и тоа со празна мрежа. Остров за кое многумина и не знаеја дека постои – 160.000 луѓе“, напиша Зорана.

Рум моментално е без клуб, откако минатата сезона беше дел од белгискиот Серкл Бриж, а претходно бранеше за Витесе, Го Ехед Иглс, ПСВ Ајндховен и Колумбус Кру. Бил дел и од младата репрезентација на Холандија (U20), но подоцна одлучил да го носи дресот на Курасао, за кој има речиси 70 настапи. Двојката е долго време заедно, а јавноста често се интересира за нивниот приватен живот. Зорана претходно откри дека размислувала да ги намали градите, но Рум се противел.

„Имам широк граден кош и големи гради, во 90-отсто од случаите ги кријам. Елој ги обожава и не сакаше ни да слушне за нивно намалување. Кога наполнав килограми во Америка во 2023, решив да ги тргнам, а тој беше во депресија – така што ништо од тоа“, изјави таа.