Ѓоковиќ ужива во одморот – игра сиртаки и „сече вени“ на Синан Сакиќ во Атина (ВИДЕО)
Видео објавено на социјалните мрежи предизвика големо воодушевување, со оглед што на него се гледа како популарниот Ноле и грчкиот пејач Константинос Аргирос заедно играат сиртаки во еден атински клуб.
„Новак каде и да се појави буди позитивни емоции, а изгледа дека Грција особено му прилега“, стои во описот на снимката.
Во вториот дел од видеото може да се види и моментот кога за време на веселбата се пушта песна од Синан Сакиќ, по што Ѓоковиќ повторно излегува на подиумот и продолжува да слави заедно со Аргирос, кој важи за најпопуларен грчки пејач меѓу помладата генерација.