Леброн се врати, Дончиќ со ново шоу донесе победа над Јута! (ВИДЕО)
Лука Дончиќ во голем стил ја почна новата сезона, неговата фантастична форма трае и му носи победи на Лејкерс. Леброн кој поради повреда ги пропушти воведните натпревари оваа сезона, конечно се врати на теренот.
Лејкерс имаше лош старт на мечот, ја загуби првата четвртина со 27-36, но потоа следуваше шоу на Дончиќ за пресврт и победа од 140-126.
Леброн Џејмс одигра половина час, имаше 11 поени, 12 асистенции и три скока.
Словенецот мечот го заврши со 37 поени, имаше и 10 асистенции и пет скокови, втор стрелец на Лејкерс беше Ривс со 26 поени. Најдобар кај Јута беше Џорџ со 34 поени, Марканен постигна 31.
Резултати:
Орландо - Голден стејт 121-113
Атланта - Детроит 112-120
Бруклин - Бостон 99-113
Сан Антонио - Мемфис 111-101
ЛА Лејкерс - Јута 140-126
Портланд - Феникс 110-127