Германија и Холандија на спектакуларен начин го одбележаа пласманот на Мундијалот (ВИДЕО)
На претстојниот Мундијал ќе патуваат Германија и Холандија кои вечерва на спектакуларен начин го одбележаа новото појавување на најголемата планетарна фудбалска смотра. Двете репрезентации заедно постигнаа десет гола, на задоволство на нивните фанови кои уживаа во натпреварите.
Холандија и со пораз ќе се пласираше на Светското првенство бидејќи на Полска ѝ требаше двоцифрена победа за да стигне до првото место, но сепак до ова коло работеше теоријата, па „лалињата“ не можеа да се претстават како учесници на Светското првенство. Затоа, избраниците на Роналд Куман ја прегазија Литванија со 4-0 и со вкупно 27 постигнати гола го освоија првото место во групата. Резултатот го отвори Рејндрес во 16. минута, а во вториот дел, во период од четири минути погодија уште Гакпо од пенал, Симонс и Мален.
Уште поубедлива беше Германија која ја совлада Словачка со 6-0 во директниот дуел за првото место во групата. Се беше решено уште во првото полувреме во кое погодија Волтемаде, Гнабри и два пати Сане за водство од 4-0 по 45 минути игра. Во вториот дел Баку и Уедраого се запишаа во листата на стрелците за 21. учество на светските првенства за германската репрезентација која има и четири шампионски титули.
РЕЗУЛТАТИ
Црна Гора - Хрватска 2-3
Чешка - Гибралтар 6-0
Малта - Полска 2-3
Холандија - Литванија 4-0
Германија - Словачка 6-0
Северна Ирска - Луксембург 1-0