Лотито не можел да поверува што му се случува, повикал свештеник во Лацио

Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито направи потег со кој ја изненади фудбалската јавност.

Имено, Лотито одлучил против повредите и лошите резултати во тимот да се бори така што повикал свештник во клупските простории да им даде благослов.

Кризата во Лацио трае подолго време, од поразот од Рома во дербито, а од недела во недела и бројот на повреди во тимот зголемуваше. Во еден момент дури десетмина фудбалери на Лацио беа на списокот повредени и тоа секако дека беше огромен проблем за стручниот штаб.

Поради тоа Лотито се одлучил и да бара алтернативно решение за кое верува дека може да му помогне за подобра ситуација во продолжение од сезоната.