Пелистер потврди: Еден од најважните во редовите на шампионот си замина од Битола!

Екипата на Пелистер попладнево и официјално го потврди заминувањето на Нејц Цехте кој беше еден од најважните ракометари на македонскиот шампион.

Според најавите Цехте кариерата ќе ја продолжи во редовите на Фуксе Берлин кој за него ќе плата отштета на битолскиот клуб. Во бундеслигашот Цехте треба да пристигне како замена за повредениот Фабиан Вајде за кого актуелната сезона е завршена.

„Репрезентативецот на Словенија Цехте дојде во Пелистер во 2023 година. Тој како наш член освои две титули шампиони на Македонија, како и еден СУПЕРКУП.

Пелистер му посакува многу среќа во новиот клуб, на овој голем професионалец, а пред се добар човек!“, соопштија од битолскиот клуб.

Трансферот во Фуксе Берлин за Цехте би бил враќање во Бундеслигата бидејќи четири сезони го носеше дресот на Хановер.