Норвежанец ја има една од најлудите фризури во историјата на фудбалот! (ФОТО)

Норвешкиот репрезентативец и фудбалер на Борусија Дортмунд, Јулијан Раерсон дефинитивно ја има една од најлудите фризури видени на фудалските терени во последните години.

Норвежаните славеа победа со 4-1 против Италија на гостински терен, а една од темите по дуелот беше фризурата на Раерсон.

Во јавноста не е познат неговиот мотив за вака да излезе на теренот, меѓутоа го споредуваат со НБА ѕвездата, Денис Родман кој своевремено се појави со сличен имиџ.

Фото: EPA