Конечно дочекаа: Барселона викендов се враќа дома!
На социјалните мрежи, каталонскиот гигант потврди дека натпреварот против Билбао кој е закажан за 22 ноември ќе го играат на својот стадион.
Барселона поседува лиценца која дозволува капацитет од 25.991 места кој беше одобрен во октомври, но чекаат уште две дозволи. Првата која ќе им овозможи прием до 45.000 гледачи и втората кога целосно ќе биде отворен стадионот.
Работата и понатаму е во тек, третото ниво на трибините и кровот допрва треба да бидат завршени. Првите две нивоа се подготвени, а се проценува дека целиот проект ќе биде завршен до 2027 година кога стадионот ќе добие капацтет до 105.000 места.