Металург загуби од Сплит во драматична завршница!

Ракометарките на Металург забележаа пораз од 25-26 од Сплит во реванш меч од второто коло во Европскиот куп на ЕХФ и со тоа го завршија настапот во Европа за оваа година.

По ремито во првата пресметка, Металург не успеа да го искористи домашниот терен, да го победи Сплит и да дојде до место во следното коло од Европскиот куп.

Гостинките од Хрватска беа супериорни во првото полувреме кое го добија со превисоки 17-11. Но, ракометарките на Металург се разбудија во второто полувреме и почнаа да ја топат негативата, стигнаа до -1, но не успеаа да направат пресврт.

Во последната секунда од натпреварот, Металург имаше шанси да израмни од пенал, но не го искористи тоа, па Сплит се израдува на победа од 26-25.

Божиновска со девет голови беше најдобар стрелец кај Металург на овој натпревар, Коларовска даде седум.