Нигерија извиси, ДР Конго оди во интерконтиненталниот плејоф (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Демократска Република Конго обезбеди место во интерконтиненталниот бараж за Светското првенство, откако ја победи Нигерија во финалето на африканскиот плејоф во Рабат.

По 120 минути, резултатот беше 1-1, но Конго победи по подобро изведување на пенали – 4-3. Конго не учествувал на светските првенства од 1974 година кога го забележа својот единствен настап и тоа под името Заир кое го носеше до 1997 година. 

Конго така направи уште едно изненадување во овој плејоф, одигран во Мароко откако по Камерун во полуфиналето, ја совлада и фаворизираната Нигерија.

 

 

Нигеријците поведоа во третата минута преку Оњеке, за Елија да израмни во 32, минута. Немаше многу големи шанси, па до крајот повеќе не се тресеа и мрежите. Нигерија ја отвори пенал-серијата со две промашувања, но по три серии, резултатот беше 1-1. Екипите се стабилизираа со неколку гола, пред Аџаџи да стане трагичар на својата репрезентација во шестата серија. По овој пораз, Нигерија ќе го пропушти првото Светско првенство по 2006 година. 

Во интерконтиненталниот плејоф за Светското првенство ќе учествуваат шест репрезентации, но досега се познати само три: Конго, Боливија и Нова Каледонија. Пласман на Мундијалот ќе обезбедат две.