Легендарен словенечки ракометар пред потпис со Пелистер!
Поранешниот ракометар на Кјелце и ПИК Сегед денес го носи дресот на Ѓер од Унгарија, меѓутоа неодамна се појавја најави дека размислува да ја промени клупската средина.
Според информациите на специјализираните ракометни медиуми во регионот, Бомбач во овој момент е најблиску токму до Пелистер и трансферот би можел да се реализира во наредните денови.
Ако Пелистер успее да го доведе, Бомбач би пристигнал како сериозно засилување на бековската позиција и би можел да биде од силен адут на актуелниот шампион на Македонија.
Фото. EPA