Ѓоковиќ и понатаму поместува граници - сруши нов рекорд!

Новак Ѓоковиќ иако не игра како во своите најдобри денови и тешко може да се носи во дуелите со Алкараз и Синер кои доминираат во денешниот тенис, сепак сега успеа да сруши нов рекорд.

Имено, Ѓоковиќ стана тенисерот со најмногу недели поминати помеѓу најдобрите четворица на АТП листата. Во топ четири српскиот ас поминал вкупно 808 недели.

Овој податок е само дополнување на рекордите кои Ѓоковиќ ги држи за анедели на врвот на АТП листата (428), потоа во топ 2 каде што бил 599 недели и во топ 3 со 756 недели.

Неодамна Новак стигна и до 101 титула во каиерата откако на АТП турнирот во Атина во финалето го совлада Лореенцо Музети со 2-1 во сетови.