Португалија за едно полувреме ја потопи Ерменија, Невеш изведе ремек-дело! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Португалија по поразот од Ирска во претходното коло денеска како да го истурија бесот врз Ерменија на кој за едно полувреме ѝ даадоа пет гола.

Уште во седмата минута Веига го отвори резултатот, потоа Спертсјан израмни во 18-тата минута за до крајот на првиот дел да следува вистинско шоу на домаќините. Двапати погоди Жоао Невеш, а по еднаш Гонзало Рамош и Бруно Фернандеш кој реализираше најстрога казна.

Еден од погодоците на Невеш во 41. минута беше и вистинско ремек-дело од слбооден удар.