Поранешен светски шампион во бокс падна на тест за кокаин!
Боксерот од Нов Зеланд бил позитивен на тестот на 26 октомври, на денот на мечот против Фабио Вордли.
Паркер поради тоа би можел да добие суспензија од две години, но за тоа ќе одлучува британската анти-допинг агенција и контролниот одбор за бокс во Велика Британија.
Искусниот боксер беше светски шампион од 2016 до 2018 година.
Фото: EPA