Мбапе ги надмина Меси и Роналдо - побрзо стигна од нив до 400 голови!
Доколку се спореди нивната возраст на која стигнале до 400 голови во кариерата, тогаш на првата позиција се наоѓа францускиот голгетер. Мбапе на 26 години, 328 дена и 537 меча стигна до 400 погодоци и е најмлад во ова друштво до тоа постигнување.
Меси до 400 голови во кариерата стигна на 27 години и 95 дена, додека Роналдо го постигна неговиот 400. погодок на возраст од 28 години и 335 дена.