Алијасим „распали“ по Синер и Алкараз: Ако не ви се игра, седете си дома!

Јаник Синер и Карлос Алкараз се двајцата најдобри тенисери во светот во моментов, но често имаат критики за распоредот на турнири, по што реши да им одговори Феликс Оже Алијасим.

Осмиот тенисер на АТП-листата реши да даде одговор на темата за која често се зборува и испрати порака до Синер и Алкараз.

„Не знам како момците не уживаат. Разбирам дека можете да се изморите. И јас сум изморен. Патувам низ светот. Ако сакате да играте помалку турнири, седете си дома. Никој не ве тера да одите на различни места и да играте“, кажа Алијасим.

Канаѓанецот в сабота ќе се бори против Алкараз за финале на Завршниот мастерс во Торино.