Мечот меѓу Виртус и Макаби во Болоња ќе биде одложен!?

Италијанскиот медиум „Ла Република“ објави дека полицијата во Болоња побарала да не се одигра мечот меѓу Виртус и Макаби Тел Авив затоа што се најавени пропалестински протести.

Во извештајот на полицијата се наведува дека одигрување на мечот се смета за ризичен и поради тоа се бара одложување на дуелот.

Виртус има пет победи и шест порази по 11 одиграни кола, додека Макаби има три триумфи и осум порази.

Фото: Facebook/Virtus Bologna