Шаќири конечно објасни зошто „леташе орли“ пред Србите на СП 2018

Џердан Шаќири постигна гол против Србија на Светското првенство (СП) во 2018 година, а потоа реши да го прослави голот со „летање орли“, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Шаќири во интервју за швајцарската телевизија „СРФ“ доби прашање зошто го прославил голот на таков начин, по што репрезентативецот на Швајцарија даде објаснување.

„Многу се зборуваше тогаш, но ние и нашите семејства бевме премногу провоцирани од српска страна пред почетокот на мечот. Посебно нè провоцираа на социјалните мрежи, а тогаш во нас се јави желбата за победа“, кажа Шаќири.

Фото: EPA