„Меси во Барселона беше Бог и во мафијашкиот дел, поради него го исфрлија Ибра“

Поранешнот хрватски кошаркар, Марио Касун беше гостин во подкастот „Јао Миле“ каде што помеѓу останатото зборуваше и за неговиот период во Барселона, а тема беше и Лионел Меси.

Според неговите зборови, Барселона не води премногу грижа за сите свои членови, па така кога ќе дојдеш, сам мораш да си обезбедиш и сместување.

„Кога ќе дојдеш во Барселона мораш сам да се снаоѓаш, не ги интересира. Мораш да пронајдеш стан. Јас бев во стан на Ѓуровиќ. Сосема случајно низ разговор дознавме дека тоа е истиот стан, јас го плаќав 4.000 евра, додека тој го договорил за 2.000“, зборуваше Касун.

Кога е Меси во прашање вели дека никој ништо не смеел да му каже, дури и за работи кои немаат врска со фудбалот, а поради таквата ситуација според него Ибрахимовиќ бил избркан.

„Слушав приказни и видов некои работи додека бев таму, Меси освен што беше Бог во фудбалот, беше Бог и во мафијашкиот дел. Имаше пријатели од кои мораш да купиш недвижнина или да изнајмиш стан, ако си потпишал за Барселона. Да, тој мал симпатичен Меси. Ибра беше баш „балканска бараба“и не сакаше да му се умилкува на некој Меси, затоа беше и исфрлен“, додаде Касун.