Нема спиење цело лето: Натпреварите од СП 2026 во термини после полноќ!

Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико ќе се игра наредното лето од 11 до 27 јуни, а сега се највуваат и термините за натпреварите.

Со оглед на тоа дека се игра во друга временска зона, така два термини ќе бидат и доцна навечер за европски услови.

Првиот термин ќе биде во 18:00 часот, вториот кој е и главниот е од 21:00 часот, додека преостанатитее два се точно на полноќ и во 03:00 часот.

Но исто така некои од најатрактивните натпревари кои ќе се играат во Лос Анџелес во најголемиот дел од Европа би можеле да се пренесуваат во пет часот наутро. Првенството се игра во 16 градови и во четири временски зони.

Термините од 18 и 21 часот за европската публика во САД би биле напладне или рано попладне, а во лето во тој период проблем можат да бидат високите летни температури кои во Далас, Мајами и Хјустон редовно одат до над 40 степени.

Конечните термини и распоредот на натпреварите ФИФА треба да го потврди на 5 декември во Вашингтон кога ќе се одржи и ждрепката за групната фаза.

Фото: EPA