Дубаи ја прекина победничката серија на Ц. Звезда во Евролигата

Кошаркарите на Црвена Звезда, по седум победи по ред, конечно загубија во Евролигата откако вечерва од нив подобар бееш Дубаи со 102-86.

Двете екипи понудија возбудлив почеток на натпреварот, а по првите 10 минути Дубаи водеше со 29-21. Ц. Звезда до полувреме успеа да ја намали негативата зад ривалот и да замине на паузата со 47-51.

Дубаи додаде гас на стартот на третата четвртина и набрзо поведе со 60-49, но „црвено-белите“ не се предаваа, па стигнаа на само два поени негатива (63-65).

Решавачка беше последната четвртина, каде што Дубаи ја контролираше играта, додека Ц. Звезда влезе во серија грешки во нападот и му дозволи на ривалот да триумфира со убедливи 102-86.

Кенан Камењаш беше најефикасен кај Дубаи со 20 поени, девет скокови и една асистенција, додека Ебука Изунду запиша 16 поени, четири скока и една асистенција.

Фото: КК Дубаи