Стерлинг повторно мета на разбојници: Крадци му влегле во домот и го ограбиле!

Фудбалерот на Челси, Рахим Стерлинг доживеа нов пекол откако повторно бил ограбен неговиот дом, и тоа додека тој со семејството бил во куќата.

Англиските медиуми пишуваат дека маскирани крадци провалиле во домот на Стерлинг, но за среќа фудбалерот и неговите деца останале неповредени.

Полицијата води истрага за случајот и ги повикува сите кои имаат информации или забележале сомнителни лица да се јават кај надлежните служби.

Ова не е првпат за Стерлинг да биде мета на разбојници, откако претходно нешто слично му се случи во 2022 година кога крадците му украдоа различни предмети вредни 300.000 фунти.