Алкараз со пресврт го совлада Фриц и обезбеди полуфинале во Торино
Фриц беше подобар во првиот сет и ги казни грешките на Шпанецот, со што стигна до 7-2 во тај-брејкот.
Алкараз се разигра во вториот сет, а Фриц почна да делува нервозно во вториот сет кој го загуби со 5-7.
Тоа беше почетокот на крајот за Фриц, кој се распадна во третиот сет (3-6), а Алкараз со одлична игра стигна до победата и до полуфинале во Торино.
Фото: EPA