Шешко предизвика војна меѓу Јунајтед и селекторот на Словенија
Младиот напаѓач ќе ги пропушти клучните квалификациски натпревари за Светското првенство против Косово и Шведска поради проблем со коленото што го повреди на ремито со Тотнем. Кек нагласи дека никогаш не би го ризикувал здравјето на играчот, но инсистираше на подобра комуникација и почитување на националниот тим.
„Со сето должна почит кон голем клуб како Манчестер Јунајтед, сè уште не сме добиле ништо официјално; нема документи, нема. Секако би сакале да ги добиеме. Сакаме и нашиот медицински тим да го разгледа тоа. Нашиот лекар е експерт во оваа област. Не можам да коментирам, секако имам одредени информации, а секако сум и во контакт со Шешко“, рече Кек.
Во пресрет на последните две кола од квалификациите за Светското првенство, Словенија се наоѓа на третото место во својата група со само три бода, но се уште има теоретски шанси да дојде до втората позиција каде е Косово со седум. Токму Косово е следен ривал на Словенците, в сабота во Љубљана, а во последното коло оваа селекција се среќава со Шведска.