Манчини се враќа во акција - ќе работи во Катар!

Поранешниот италијански селектор Роберто Манчини повторно се враќа во акција на фудбалските терени, откако си договорил ангажман во Катар.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Манчини се договорил со Ал Сад, па двете страни ќе потпишат долгогодишен договор со опција Италијанецот да замине од кормилото во летото 2026 година.

Манчини во кариерата ги тренираше Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер сити, Галатасарај, Зенит Санкт Петербург, Италија и Саудиска Арабија.