Моќен старт на Синер, повредата на Оже-Алијасим му ја олесни работата

Италијанскиот тенисер Јаник Синер со убедлива победа ја почна одбраната на титулата на завршниот Мастерс во Торино откако во првото коло го совлада Феликс Оже-Алијасим од Канада со 2-0 (7-5, 6-1).

На вториот светски рекет му беа потребни 98 минути игра, но добар дел од ова време помина во укажување помош на Оже-Алијасим кој во вториот сет почувствува болки во нозете и едвај го доврши мечот. Засега е непознато дали станува збор само за грчеви или нешто посериозно, но тоа секако му ја олесни работата на Синер.

Особено неизвесно беше во првиот сет во кој Италијанецот пропушти четири брејк топки, а единствениот брејк дојде во 12. гем. Непосредно по завршувањето на сетот, Оже-Алијасим се пожали на болки кои потоа го следеа до крајот. Тоа го оневозможи да даде поголем отпор, па вториот сет Синер го освои со само два винера.

Дел од оваа група се уште Зверев и Шелтон кои својот меч го одиграа вчера, а славеше Германецот. Дербито е во второто коло во кое се среќаваат Синер и Зверев, а италијанскиот тенисер не смее да си дозволи пораз, ако сака да остане во игра за првата позиција на АТП листата.