Фудбалер на Јувентус беснееше на Спалети, Влаховиќ го смируваше (ВИДЕО)

Јувентус вчера ремизираше 0-0 во градското дерби со Торино и ова беше прво реми за Лучијано Спалети на клупата откако во Италија започна со победа над Кремонезе минатата сабота.

По, овој натпревар на социјалните мрежи се појави и снимка на која може да се види реакцијата на Португалецот, Консеисао кој покажа незадоволство поради измената. Тој беше заменет во 65. минута заедно со Влаховиќ, но за разлика од српскиот напаѓач, реагираше бурно.

Во тие моменти поголем проблем се обиде да спречи токму Влаховиќ кој го смируваше својот соиграч.